Убавина

Пред и по депилација: како да изгледате совршено „таму долу“

За депилацијата да биде што побезболна и поефикасна, ви предлагаме неколку корисни трикови што ќе ја подготват кожата за болниот третман. Некои од подготовките ќе треба да ги започнете и многу порано, а некои на самиот ден кога имате закажано кај козметичарот.  

Еден месец порано 

Идеален период меѓу две депилации е од четири до шест недели. Иако интимниот дел за тоа време ќе биде далеку од мек и уреден, тоа е неопходно за влакната да израснат барем половина сантиметар.

Вечерта пред депилација 

Вечерта пред депилација направете пилинг за да ги „извадите“ враснатите влакна. Дерматолозите препорачуваат користење пилинг што во себе содржи ретинол, кој ќе го исчисти површинскиот слој на кожата и ќе ја отстрани нечистотијата од порите.

Еден час пред депилација
Ако депилацијата за вас е болна, напијте се некој лек против болки еден час пред третманот.

За време на депилација 

Депилацијата за никого не е безболна, а наш совет е за време на отстранување на влакненцата да дишете длабоко.

После сè 
По депилацијата со восок, кожата е чувствителна, па затоа негувајте ја и по третманот: на кожата нанесете хидратантен неутрален крем, а кремот користете го и неколку дена по третманот.

Напиши коментар