онекогаш ни се чини дека е многу полесно да изразиме лутина, отколку љубов. Нема да заборавиме да го искараме детето поради непримерното однесување, , но понекогаш забораваме колку значи прегратката, обична, топла и полна со љубов.
За прегратка не ни е потребена посебна причина. Причина за нежност према децата имаме секогаш, меѓутоа понекогаш забораваме колку често можеме да ја покажеме таа нежност. Љубовта треба да ја покажуваме секој ден, континуирано, во сите моменти.
Прегратката е здрава за телото и душата. Прегратката ја зголемува самодовербата и носи чувство на сигурност на начин на кој зборот не може. Прегратката ни ја допира душата, таа не може да има никакви негативни ефекти. Прегрнувајте ги своите деца секој ден!
Прегратката може да направи чудо за врската. Покажувајчи ја љубовта на тој начин, ќе ја зајакнете својата врска со децата. И тоа не само со децата. Прегрнете го сопругот, вашата мајка, сестра, пријателка. Запамтете, која ви е најтешко да ја прегрнете е обично онаа на која прегратката навеќе и треба.
Кажете “добро утро” со прегратка
Кажете “со прегратка”
Кажете “благодарам” со прегратка
Никогаш не можете премногу да ги прегрнувате децата. Ни 1000 прегратки не се премногу. Со секоја прегратка, вашето дете расте и во висина и во длабочина.