Sweet Home

Прекрасен дом од само 45 метри квадратни

Една од придобивките на живеењето во куќа, наспрема животот во стан, е тоа што лесно можете да придонесете за удобноста со ваш сопствен дизајн и можете да ја прилагодите според вашите сопствени потреби. Покрај тоа, куќите обично се поголеми и попространи од становите. Но не секогаш е така.

Совршен пример за тоа е и оваа современа куќичка чија површина изнесува само 45 метри квадратни, што е релативно многу малку за куќа, па дури и за стан.

Куќата е изградена во Кампо Гранде во Бразил. Прокетирана е од страна на архитектот Алекс Ногуира. Еден од условите за овој прокет бил едноставниот дизајн со чисти линии. Сопственикот не сакал куќата да биде конвенционална, но од друга страна сакал да биде многу практична.

Условот бил внатрешниот и надворешниот дел да се спојуваат па така задниот дел на куќата е изграден од стакло во облик на помошни врати. На овој начин се формира затворен простор и двор.

Дворот пак, исто така има интересен дизајн кој вклучува неколку скулптури изработени од материјалот кој останал од изградбата на куќата.

Предниот дел на куќата не е толку отворен како што е нејзиниот заден дел, со цел да се постигне ефект на контраст. Предниот дел на куќата е затворен и нема прозорци за да се обезбеди приватност и заштита од сонцето.

На фотографиите подоле ќе можете да ја погледнете неверојатно малата куќичка со големи идеи која ги исполнува сите услови.

Write A Comment