Талентот се опишува како супериорно совладување на одредени вештини и знаења до ниво до кое детето се издвојува од неговите врсници. Штом забележите дека вашето дете покажува интерес кон некоја област, родителската поддршка е клучна како и поттикот за нивен развој.
Талентот мора да се препознае на време
Дарбата многу брзо се раздвојува на две широки категории на проучување, на училишна дарба и креативно-продуктивна дарба. Вториот тип може да се појави многу рано, а од друга страна, треба да биде препознаена и од околината. Како пример може да послужи дете во предучилишна возраст кое слуша приказна за грижата на мајките а откако воспитувачката ќе им даде задача да ја насликаат својата мајка, тоа црта прозорец.
На прашањето зашто нацртал прозорец кога требало да ја наслика својата мајка тоа одговара: “Вие рековте дека мајките се прозорци на нашата душа – тоа е како јас гледам на мојата мајкa”, велат детските психолози.
Веќе во третата година дечињата покажуваат што сакаaт и што умеат да направат. Бидејќи сè повеќе стручњаци го истакнуваат значителното влијание на околината врз развојот на талентот кај детето, клучна и најважна улога останува поддршката од родителите.
Сите современи концепции ја нагласуваат важноста на влијанијата на средината врз развојот на надарените потенцијали, но при тоа не треба да се потценува ни важноста на персоналните карактеристики на надареното дете. Родителите треба да откријат кон која активност нивното дете покажува афинитети. Малите дечиња може да покажат најразлични способности, музички потенцијали, одлично паметење, просторна интелигенција и многу дуги. Важно е да обрнете внимание и да му помогнете на вашето дете во развојот на тој талент.
Околината умее да го потисне талентот кај децата
Потенцијалите кои рано се истакнуваат кај едно дете, најчесто се тешко препознатливи и прифатени од околината. На необични работи реагира круто, а тоа го отежнува развојот на способноста кај детето. Талентираните деца често се мета на исмејување од страна на нивните врсници, па дури и од воспитувачките. Па така децата, за да бидат прифатени, го отфрлаат својот талент и стануваат просечни.
За ова да се спречи, родителите мора редовно да го охрабруваат своето дете и да го научат да се избори во непријатни ситуации. Ако талентот кај детето не се подржи, тој не мора да се изгуби, но и нема да се развива на вистинскиот начин и со вистински интезитет.
Затоа, набљудувајте до вашето дете и дајте му ја поддршката кога најмногу му треба.
