Ако пушите повеќе од пет години веројатно веќе знаете што е тоа „пушачка кашлица“. Доколку не можете да ги оставите цигарите, обидете се со природен лек да го излечите здодевното кашлање. Лекот е едноставен и се состои од жолт кромид, вода, кафен шеќер, куркума и ѓумбир.
Рецепт:
400 г кромид
1 л вода
400 г кафеав шеќер
2 лажици куркума
Мал, излупен корен од ѓумбир
Приготвување:
Во еден сад ставете вода заедно со кафеавиот шеќер, полека и чекајте да зоврие. Потоа во смесата додајте го исчистениот кромид кој претходно сте го исечкале на четвртинки. Во смесата додајте и исчистен корен од ѓумбир. Ставете ја куркумата. Кога состојките ќе зовријат, намалете ја температурата. Кога количината во садот ќе се намали на половина, исклучете. Кога ќе се олади смесата префрлете ја во тегла. Оставете ја еден до два часа на собна температура, а потоа ставете ја во фрижидер.