← НАЗАД НА БОЗА

Прочистете го црниот дроб со маслиново масло и лимон

Прочистете го црниот дроб со маслиново масло и лимон
468 Читања

Најдобро средство за превенција на здравјето на црниот дроб е секојдневното чистење, затоа што здравиот црн дроб гарантира виталност, енергија, убав изглед и добро расположение.

Црниот дроб во нашиот организам има улога на фабрика за крвта. Тој учествува во процесот на обновување на крвта. Исто така, помага во јакнење и стимулација на варењето на храната. Извршува уште една важна функција – ги елиминира сите токсини од крвта.

Најдобро средство за зачувување на здравјето на овој орган е секојдневното чистење. Па така, секое утро на празен стомак испијте една лажица маслиново масло, помешана со лажичка лимонов сок. После тоа, можете да уживате во појадокот. Овој „коктел“ можете да го подготвувате цел живот, затоа што двете состојки се здрави животни намирници.

Ако вашето тело е склоно да ја задржува водата или ако чувствувате подуеност, овој напиток ќе ви помогне за месец дена да ги почувствувате резултатите. Вашиот изглед ќе се подобри, темните кругови под очите ќе исчезнат, тенот ќе ви стане свеж а изгледот подмладен. Цревата правилно ќе си ја извршуваат задачата, и ќе заборавите не проблемите со стомакот. Ќе се чувствувате здрави и полни со енергија.

Маслиновото масло како никој друг производ помага во отворање на каналите на црниот дроб и жолчнта кеса. Жолчката е активен учесник во процесот на варење. Ист ефект на варењето имаат и лимонот и брусницата.
Маслиновото масло чувајте го на собна температура.

Корисните особини на лимонот ни се добро познати. Тој е извонреден извор на витамин „Ц“, а ефикасно ги чисти крвните садови од наслагите на холестерол.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk