Дестинации

Прошетка низ прекрасната Венеција (Видео)

Венеција е град во североисточна Италија кој е составен од група од 118 мали острови одделени со канали и се поврзани со мостови. Градот се наоѓа во мочурлива лагуна која се протега по должината на брегот. Венеција е позната по убавината на нејзината поставеност, архитектурата и уметничките дела. Градот во целост е наведен како светско културно наследство, заедно со лагуната.

Еден ден во Венеција, од мугри до зајдисонце во тајмлапс. “Навистина е одлично место и се надевам дека преку ова видео можам да споделам дел од магијата на Венеција” – вели авторот на видеото.

Write A Comment