Во кинескиот град Тианјин пред пет години започна да се ради мултимилијардерски комплекс што денеска се смета за град во град.
Оддалечен на еден час од Пекинг, во оваа кинеска метропола која го содржи луксузното градче живеат 14 милиони луѓе од кои поголемиот дел се богати бизнисмени.
Творецот на градот е Пан Сутонг, бизнисмен и девелопер кој живее во Хонг Конг.
Комплексот во себе го содржи “Metropolitan Polo” клубот, ултралуксузен хотел, ресторан и спа комплекс…. да не ги заборавиме и луксузните вили направени во класичен стил од италијански камен и мермер како и апартманите во облик на кули. Подредени се така што една на друга да не си го попречуваат погледот на трите поло полиња.
Во близина се наоѓа и кула со трговски центар која ќе биде отворена во 2017 година. Во неа ќе се наоѓа ресторан кој ќе биде на највисока локација во светот, а целиот град ќе се отвори во исто време со деловната кула.