Дестинации

Први фотки од луксузниот хотел на Кристијано Роналдо во Мадеира

После линијата маици, долна облека, обувки и парфеми, Кристијано Роналдо започна нов бизнис и отвори егзотичен хотел во Мадеира, Португалија.

Pestana CR7 е името на хотелот кој изгледа прилично спектакуларно и однатре и однадвор.

Стандардните соби чинат околу 215 евра од ноќ, а ако сакате да престојувате во CR7 апартманот, ќе мора да платите 690 евра за една ноќ.

Овој хотел е само првиот во низата, а следуваат еден во Лисабон кој ќе биде отворен во август, еден во Њујорк кој се планира за оваа година и еден во Мадрид, во 2019-та година.

 

 

Write A Comment