Sweet Home

Рапсодија во бело …

Сме биле сведоци на уникатни, луксузни, богати, едноставни, стилски уредени и необични домови, сепак оној кој сакаме да Ви го прикажеме, ги нуди сите овие епитети, а како бонус овозможува невидена елеганција, овозможена преку белата боја.

Оваа куќа, која се наоѓа на површина од 824 метри квадратни е вистинска бела кралица. Всушност, 90% од нејзината внатрешност и нејзината надворешност, се обоени во бело. Неодоливите 4 спални, 4 бањи, базенот, секој агол од овој дом блеска во чиста бела боја…

Блескавиот бел ентериер, високите тавани, стаклените површини, создаваат чиста атмосфера, која ги опушта сите сетила…

Можеби, нема да успеете да дојдете до истата… Но убаво би било да послужи како инспирација за Вашиот дом…

Нека и тој биде „ рапсодија во бело “ !!!

 

Напиши коментар