Вилата стои како тестамент на сега огромното богатство на Катар и неговиот раст како најбогато место помеѓу арапските држави. Во неа се влегува низ огромна впечатлива врата во предворје кое го красат и самите тавани и сензуално закривените скалила.
Погледот кон огромните тавани со купола го привлекуваат и млечните витражи, додека масивниот лустер кој виси на средината го има својот главен збор.
Влезот кој го одзима здивот е раскошен и со своите декоративни ѕидови, мермерни столбови и златни акценти.
Главната трпезарија пак може да се пофали со богато изрезбана трпезариска маса, која е опкружена со дванаесет столчиња кои се преслечени во сомот.
Како и на самиот влез, златото може да се забележи насекаде низ целата вила, речиси на секоја замислива површина. Она што ја краси секоја соба во вилата се и најфините европски материјали и најегзотичната дрвенарија.
Уметничката колекција која ја краси оваа вила е огромна, како и деталните резби и декадентните релјефи. На момент, лесно може да се изгубите во оваа вила која е секако достојна за едно кралско семејство.
Големиот салон е претставен како формален, иако делува исклучително топло и пријатно. Тој претставува ризница на современ мебел, прекриен со најфини материјали.
Иако салонот е луксузно опремен, остава чувство дека е поопуштен за разлика од останатите простории во кои доминираат кожните клуб фотелји, камените ѕидови и современите барски столчињa.