Мојата кујна

Рецепт за совршена пица

Нема кој не сака пица!

Супер лесна, здрава и едноставна за подготовка, Ви ја претставуваме СОВРШЕНАТА ПИЦА, за вегетаријанци, секако и за оние кои ќе сакаат да паузираат со еден оброк од месо и сувомеснати производи.

ЗА 1 ПИЦА:

• тесто за пица

• доматно пире(кечап)

• еден голем домат

• една мала главица црвен кромид

• 4 големи печурки шампињони

• 1 грејпфрут

• кашкавал

• неколку сецкани маслинки

• 1 жолта бабура

• оригано

• сусам

• многу бибер и сол, по вкус

ПОДГОТОВКА (ЛЕСНА):

Тестото за премачкајте го со доматното пире. Посипете со рендан кашкавал и почнете да ги редите останатите состојки по следниов редослед: сецканите шампињони, кромидот сецкан на месечинки, сецканиот домат, парчиња грејпфрут, сецканата бабура на ленти и сецкани маслинки. Посипете со многу бибер и сол (по вкус), свежо сецкано оригано и нане (по вкус). На краевите на пицата посипајте со сусам. Печете на 250 степени целзиусови, додека не биде убаво испечено тестото.

Напиши коментар