Дестинации

Реката Хан и преку ден и преку ноќ вибрира со туристички атракции

Како што секоја голема цивилизација еволуирала околу голема река, така се раѓал и секој голем град. А Сеул не е исклучок бидејќи е речиси на идеална половина поделен со реката Хан.

Реката отсекогаш била дел од животот на оние луѓе кои живееле околу престолнината, а сега и уште повеќе и не само затоа што е исклучително вреден извор на вода за 10 милионското градско население, како и место за опуштање и забава. Стотици луѓе уживаат под сонцето и покрај водата во водениот парк на реката Хан.

Дури и за оние кои го посетуваат главниот град на Јужна Кореја на само неколку дена, реката може да биде дел од уникатно и одлично туристичко доживување, со што патот во Сеул станува уште повреден.

Од скијање на вода до целодневен престој на сонце, до музички настани и концерти со ѕвездите од кеј-попот, 11-те паркови долж реката која е долга 43 км. се до границите на градот се нуди од се по нешто и за секого, без разлика на возраста или националноста.

Тешко да ја промашите самата река затоа што таа минува скоро низ целиот град, од исток кон запад, и е скоро еден км. широка. Тоа се гледа и во безбројната посетеност од посетителите, привлекува годишно околу 59 милиони посетители, или дневно просечено по 161,000 луѓе во 2015, велат службени лица од градската управа на Сеул.

„Сепак, многумина посебно странци, го пропуштаат она што реката има да им го понуди, велат од таму.

Единаесетте паркови покрај реката се најпопуларните дестинации за многу Јужнокорејци за време на летните месеци, а дестици илјади сеулци секојдневно доаѓаат покрај свежите речни брегови или на нони прошетки, само за да го почувствуваат свежиот ветрец.

За да ги направат овие прошетки поинтерсни, секој петок и сабота навечер во паркот Јеуидо покрај реката Хан, се отвора ноќен пазар на кој се нудат најразлични рачно изработени работи и храна од целиот свет.

Ноќниот пазар во паркот Јеуидо, кој се нарекува и Бамбокаеби сеулски ноќе пазар, е отворен секој викенд од март до октомври, и е само 600 метри оддалечен од станицата Јеуинари од подземната линија број пет.

Исто и во топлите месеци, и други вечерни пазари ќе се одржуваат секоја среда во паркот Јеуидо, каде 100 каиончиња за продготовка на храна ќе продаваат различни јадења од целиот свет за да биде задоволен секој личен вкус.

„Посебно предвид на овие камиончиња ги имаме личните вкусови на странските посетители и сите можни јадења кои ќе ги нудиме на овој летен фестивал затоа шт овој парк е наменет токму за сите оние кои сакаат да уживаат, рече Кин Кјунг-вон од градското собрание на Сеул, кој напомна дека овој ноќен пазар ќе трае до 21 август.

Уште еден начин да се доживее и ужива во реката е да се возите со бротче.

Четириесет минутното пловење по реката Хан дава уникатна и целосна слика за реката додека свежиот ветер е нешто како дополнителен специјалитет во врелите летни ноќи. Дванаесет бротчиња испловуваат од кејот во паркот Јеуидо на секој половина час, почнувајќи од 11,30 секој ден. Уште шест дополнителни испловувања почнуваат од кејот Јамсил, а на оддеелни речни кртстарења кои тргнуваат од Јеуидо и Јамсил се служи ручек или вечера.

За оние кои сакаат водена забава, на реката има базени во шест паркови, и секој има максимален капацитет за 3,600 луѓе.

Бидејќи со парковите покрај реката Хан управува само градската управа, тие никогаш не се преполни за разлика од местата кои се концентрирани на профити. Влезница за некоја локација чини само пет илјади вони (4,5 долари) или само делче од дестиците долари кои ќе треба да ги издвоите во комерцијалните паркови.

„Доаѓам на овој базен уште од школски денови, и никогаш не ми здодеало затоа што тука има се она што ми треба, ни рече Ким Ми-зо од Јамвон. За оваа 22-годиша студентка и нејзините пријатели водениот парк Јамвон на реката Хан не е само поевтина туку и подостапна опција.

„Пеш до тука ми требаат десет минути, додека да стигнам до поголемите паркови ми треба повеќе време и е поскапо. Но, оние големи водени паркови се ем преполни, и најчесто треба да чекаме повеќе од еден час за да се излизгаме, а тоа не вреди, додаде таа.

За многумина како Ким, како и за странските туристи, парковите покрај реката Хан се можеби и побезбедната опција. Во 2015 година, пријавени се 10 непристојни однесувања во полициата во паркот Јеуидо, кој е еден од најголемите покрај 11-те речни паркови, велат од градската управа во седиштето на проектото Реката Хан или Ханганг.

Секоја година градската уаправа троши до 70 милијарди вони за одржување на чисти и безбедни паркови. За поактивните и поадреналиснитеуристи, реката нуди различни водени спортови, од скијање ан вода до едрење, до јахтање и пловење со банана бродови, кои можат да се најдат на приватни локации во осум од 11-те паркови покрај реката.

Може да се изнајми и цела јахта или глисер за приватни или групни тури долж реката. Кампирањето во кампот Нанџи во северозападниот дел од реката може да биде уште еден начин да се доживее реката., но и да им помогне на туристите да заштедат наместо да одат во хотели.

Секој камп нуди веќе поставени шатори со различни големини, кои можат да вдомат и до 20 луѓе. Преспивање за едно честиричлено семејство во шатор чини околу 33,000 вони, или 30 долари, со вклучени такси, а користењето струја се доплаќа уште 8,000 вони за една вечер.

Ова место е одлично и за оние кои бараат неколкучасовна забава и подготвување скара на отворено, на јаглен и со сите потребни додатоци потребни за готвење и послужување, кои можете да ги измнајмите на лице место. За кампување е неопходно претходно да направите резервација.

А за оние кои сакаат поактивно доживување, возењето велосипед е една од опциите со сите видови велосипеди, од брзински до маунтинбајк и тандем велосипеди за четири лица, кои можете за мала сума да ги изнајмите во секој од 11-те паркови покрај реката.

Возењето покрај реката во должина од 41 км. ќе ве одведе од едниот до другиот крај на градот, но можете да продолжите и во соседната општина Гјеонги за целодневен излет.

Напиши коментар