Кога ќе добиете бебе, морате пред се да го слушате вашиот внатрешниот глас, а не само она што другите ви го зборат. Многу родители ја прават таа грешка и не веруваат на сопствениот инстинкт, од причина што се плашат “да не погрешат” па повеќе им веруваат на комшиите.
Кога добивате премногу информации од пријателите и луѓето околу вас – тоа може да ви направи проблем. Ако едноставно не си верувате на себе, може да се случи да го загрозите животот на вашето бебе затоа што правите едно а би требало друго.Некои родители чуствуваат дека нешто не е во ред со нивното бебе, но ги слушаат повеќе советите и мислењата на другите.
Постојат многу примери и ситуации во кои родителите повеќе се ослонуваат на мислењата на другите одколку на сопствената интуиција којa била сосема различна и на крајот се воспоставила дека е точна.
Затоа родители, секогаш верувајте му на сопствениот инстикт.
