ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 6 компири
* 250гр мелено месо
* 1/2 шоља ориз
* 1 црвен кромид
* 1 морков
* сув зачин
* бибер
* сецкани домати од конзерва
*1 лажица пире од домати
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Издинстајте ги сецканите моркови, додадете го месото, биберот и зачинот. Откако месото ќе се издинста, додадете ги сецканите домати и пирето од домати. Излупете ги компирите и исечете ги на кришки. Во ватростален сад наредете ред компири, ред ориз. Ставете сол. Одозгора ставете го издинстаното месо со кромид и морков, па врз него уште еден ред компири. Полиете со вода, така што водата ќе ги покрие компирите. Покриете со фолија и ставете во рерна да се пече околу 20 минути на 200 степени.