Научете како правилно да нанесете руменило на лицето. Во зависност од обликот на лицето треба да го нанесете руменилото. Ова се нашите совети:
Округло лице

Со широка четка нанесете руменило како на сликата, со тоа што бојата да биде најинтензивна по должината на надворешната страна на замислениот триаголник. Така визуелно ќе го издолжите лицето.
Долгнавесто лице

На јаболчниците нанесте руменило со кружни потези на четката. Со тоа што на надворешната страна од кругот бојата ќе биде поинтензивна.
Триаголно лице

Нанесете руменило високо на јаболчниците, со тоа што горната линија ќе биде права, точно под линијата на долниот очен капак. Сенчајте ги ивиците на јаболчниците, а внатрешниот дел од лицето прескокнете го.
Коцкасто лице

Со еден потег со четката повлечете права линија која од врвот на јаболчницата се спушта надолу кон ноздрите. Бојата треба да биде поинтензивна на ивиците на лицето.
