Art & Crafts

Сами направете миризлива свеќа од портокал

Богатата содржина која изобилува со минерали, витамин Ц и вода, го прави портокалот крал меѓу овошјето.  Иако неговата кора не се јаде,  една убава идеја ќе ве натера добро да размислите пред да ја фрлите во корпа.

Свеќата од портокал можете да ја направите само со неколку чекори:

Потребен материјал:

–          Портокал

–          Нож

–          Маслиново масло

–          Неколку капки етерично масло од портокал, по желба

Изработка:

Исечете го портокалот на половина и внимателно одвоете ја кората од  делот за јадење. За изработка на свеќата ќе ви користи оној дел во кој има останато мал бел израсток.

Секако пазете да не ја исечете, затоа што токму таа ќе ви користи како фитил.

Во чашата од кората на портокалот ставете маслиново масло, а со маслото премачкајте го и фитилот.

Во маслиновото масло можете да ставите и неколку капки етерично масло од портокал, запалете ја свеќата и уживајте.

Напиши коментар