← НАЗАД НА БОЗА

Сами направете си средство за чистење на прозорите

Сами направете си средство за чистење на прозорите
45 Читања

Комерцијалните средства за чистење прозори според состојките кои ги содржат во себе се високо токсични супстанци, кои со испарување создаваат токсични материи кои се штетни по нашето здравје. Затоа многумина особено оние жени кои имаат мали деца, сакаат да користат традиционални, помалку токсични средства кога станува збор за чистењето на домот.

Средствата за бришење на стаклата се состојат од мешавина на вода, алкохол и амонијак. Тие состојки можете да ги пронајдете и купете по многу поволна цена во специјализираните продавници и во аптеките, додека за готово купеното средство би платиле многу повеќе. Затоа направете го сами така што во шише ставете ги состојките во размер 45% вода, 45% медицински алкохол и 10 % амонијак за домаќинство.

Пред употреба промешајте.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk