Како што се вели во насловот на оваа статија, само една марама и стари апостолки ви се потребни за да имате вакви прекрасни летни сандали. Процесот на изработка е мошне едноставен и не бара специјален алат освен ножички. Сигурно имате и некоја стара марама што повеќе не ја носите, а вака практично од две стари работи ќе направите нова што има многу да ви се најде за одмор и летно време преку ден.