Повеќето жени секојдневно се шминкаат. Иако без шминка тешко можете да го замислите животот, стрчњаците советуваат колку е можно почесто да се одморате од шминката. Кога ќе си дојдете дома од работа, излегување, купување, за викенд… кога и да е можно, извадете ја шминката и исчистете го лицето. Еве пет најголеми причини поради кои би требало да паузирате од шминкање.
Заштита на кожата – Шминката за кожата, особено онаа што има СПФ, може да ја затне кожата и да спречи кислородот да влегува и излегува низ порите. Колку повеќе ја користите, толку е полошо за вашата кожа. Освен тоа, во зависност од состојките во производите, прекумерната употреба може да ја исуши кожата и да предизвика акни и митесери.
Шминката ќе изгледа подобро – Ако неколку дена се откажете од пудра, руменило, хајлајтер, кожата полесно ќе дише и кислородот нема да мора да се пробива низ слоевите шминка за да дојде до кожата. По одморот од шминка порите ќе се отнат и ќе се стеснат, па шминката подобро ќе изгледа на свежа и одморена кожа.
Поздрави и поотпорни трепки – Премногу маскара може да ги ослаби ситните и нежни трепки, и да ги изретчи. Одморот од маскара може да ги зацврсти трепките бидејќи маскарата нема да се насобира на нив и да ги спречува да дишат.
Заштеда на време – Колку време трошите на шминка? Час и пол, час, 30 минути? Се будите рано наутро за да имате доволно време да се нашминкате и да се подготвите за на работа? Ако одлучите да направите пауза од шминка или помалку да се шминкате, ќе можете да спиете подолго или тоа време да го искористите за нешто друго.
Заштеда на пари – Љубовта кон шминката чини, а често и премногу. Освен што ќе влијае на вашето здравје и на изгледот на кожата, одморот од шминката ќе ви помогне и да заштедите пари.
