Сте се запрашале ли некогаш што всушност се случува под кожата во текот на деветте месеци ?
Колку повеќе стомакот расте, толку почудни работи се случуваат во организмот… Ви претставуваме седум откритија кои не ги очекувате додека го носите бебето…
Трудниците се секси – Многу трудници за себе мислат дека не се привлечни. Меѓутоа, мажите никако не се согласуваат со тоа. Едно истражување покажува дека 60% од мажите ја има истата доза на привлечност спрема својата партнерка како и пред бременоста, додека 27% од мажите имаат дури и поголема наклонетост спрема својата бремена партнерка. Најголемиот процент на машки кои сметаат дека трудниците и доилките се попривлечни, всушност биле стари помеѓу една и една и пол година, кога нивната мајка повторно останала бремена.
Градите растат повеќе ако носите девојче – Обликот на стомакот нема никаква врска со полот кој го носите. Сепак, обликот на градите и тоа како има поврзаност. Всушност ако носите девојче, градите ви растат повеќе, бидејќи ако носите момче, производството на тестостерон не доведува до зголемување на градите.
Ако сте го сонувале полот на бебето, веројатно сте во право – Трудниците кои го сонувале полот на нивното бебе или имаат претчувство, најверојатно се во право. Женската интуиција иако сеуште не е објаснета, поддржана е од страна на науката.
Ноќните мори влијаат на брзината на породувањето – Жените кои имале живописни сонови во текот на бременоста, во просек имале еден час помалку кратки трудови за разлика од жените кои не сонувале.Жените кои имале ноќни мори во третото тромесечје од бременоста имале побрзи породувања и помали шанси за постпородилна депресија, за разлика од жените кои имале убави соништа. Целта на сонувањето е да се олеснат внатрешните немири и да се сфатат новите информации, а со тоа се зголемува и психолошката спремност за раѓање на детето.
Слабите жени имаат поголеми шанси да родат девојче – Слабите најчесто имаат девојчиња. Многу истражувања покажале благи и статистички разлики меѓу слабите жени и оние со нормална тежина. Женските ембриони се потешки од машките и со тоа имаат поголеми шанси да преживеат во телото на послабите жени. Сепак, тоа е несигурен метод така што не се препорачува гладување.
Вашиот мирис на телото потсвесно влијае на партнерот – До третото тромесечје, во потта на трудниците се јавуваат нови хемиски соединенија ( фермони). Никој не е сигурен зошто се појауваат, а исчезнуваат кратко по породувањето. Има една теорија која кажува дека по тоа новороденчето ја познава својата мајка. Суптилниот мирис кај партнерот произведува хормони, како пролактин, кој е својствен за поврзувањето и способноста за татковство. Мажите со повисоко ниво на пролактин, повеќе се грижат за бебето.
Клетките на бебето остануваат во Вашиот организам цел живот – За време на бременоста, ќелиите на бебето преку плацентатат доаѓаат до мајката и таму остануваат засекогаш. Клетките најчесто се во белите дробови на мајката, во ’рбетниот мозок, кожата, штитната жлезда, црниот дроб, цревата, матката, жолчното ќесе, лимфните жлезди и крвните садови. Клетките на бебето, исто така можат да живеат и во мајчиното срце и во мозокот. Бидејќи можат да влијаат на здравјето, клетките можат да предизвикаат и промени во мајчинството.