Ретки се жените кои во потполност може да уживаат во десертот, а притоа да не се загрижат за нивниот изглед. Сите знаеме дека, кога се нашите тела во прашање, шеќерот е негативец, кој ќе направи да се чувствуваме задоволни од неговиот вкус, но ќе ни направи проблеми на други места од телото. Покрај останатите негативни ефекти од шеќерот, како на пример дебелеењето, научниците докажаа дека шеќерот исто така го забрзува стареењето на кожата и предизвикува појава на брчки.
Научниците го тврдат следново: кога имате молекули на шеќер во крвта, тие ги бомбардираат клетките и се лепат за маснотијата и протеините во процес кој се нарекува гликација, а негова последица е фактот дека протеинските влакна стануваат крути и прави.
Протеините во кожата кои се најсклони кон гликација се токму оние кои ни го даваат младешкиот изглед ја прават кожата еластичка: колаген и еластин. Кога тие ќе се поврзат со шеќерот, стануваат безбојни, слаби и нееластични, па на површината на кожата се појавуваат брчки, сивило и опуштеност на кожата.
Во целост не може да ги исфрлите шеќерите од исхраната, тие се неопходно гориво за нашите клетки и енергијата на метаболизмот и се важни за нашиот опстанок. За повеќето луѓе со нормално ниво на гликоза, процесот на гликација не е огромен проблем бидејќи се случува многу бавно. Сепак внимавајте колку шеќери внесувате, бидејќи со тоа влијаете на вашата кожа и на вашиот изглед.
