478 Читања
Некои работи не треба да ги изумите кога патувате. За среќа, никогаш не е доцна да научите. Искористете ги шансите кои доаѓаат и запаметете:
- Фотографирајте сè околу себе. Ако го заборавите апаратот, фотографирајте со мобилниот или купете апарат за една употреба. Фотографиите се најдобри спомени.
- Пред поаѓањето скенирајте ги важните документи и пратете си ги на сопствениот мејл. Никогаш не знаете кога ќе ви затребаат.
- Понесете книга. Патувањето некогаш значи дека ќе имате многу повеќе време отколку што мислевте.
- Најважните работи пакувајте ги во ранецот. При рака секогаш имајте ги козметичките препарати и неколку парчиња облека. Незгоди со багажот се случуваат секојдневно, па бидете подготвени.
- Проверете каква е водата и храната таму каде што патувате. Не заборавајте дека флашираната вода е секогаш најдобар избор, свежите плодови имаат предност, а пожелно е да го избегнете внесувањето на брза храна.
- Никогаш не го чувајте телефонот на масата во ресторанот каде појадувате, ручате или пиете кафе. Добро би било со вас да го носите стариот мобилен телефон.
- Набавете локална картичка за мобилен телефон.
- Секогаш, ама баш секогаш имајте резерва храна и вода во вас.
- Веднаш штом пристигнете, купете си мапа.
- Никогаш и никаде не им верувајте на оние кои ви нудат најевтино такси. Распрашајте се, споредете ги цените и условите, па дури тогаш сами одлучете. Исто така внимавајте и каде менувате пари.
- Верувајте и на интуицијата. Ако нешто не ви се чини исправно, најверојатно и не е.
- Понесете очила за сонце, каде и да одите!