Art & Crafts

Што да правите кога ќе се разбудите среде ноќ?

Се разбудувате среде ноќ, лошо спиете, а потоа преку ден сте нервозни, поспани. Се знае дека квалитетниот сон е важен за здравјето, a несоницата е голем проблем. Експертите велат дека причината може да биде заспивање со помош на телевизија, тешка храна пред спиење, попладневна дремка, која не би требала да биде подолга од половина час. Многумина често самите на себе си предизвикуваат проблеми со спиењето, јадат нездрава храна, пијат нездрави пијалаци.

Mногумина имаат ирационален страв дека нема доволно да се наспијат. Затоа би требало да се опуштите бидејќи една ноќ неспиење не е никаков голем проблем. Исто така, кога ќе се разбудите сред ноќ, обидете се веднаш да не одите во тоалет, ако навистина не морате. При одењето се зголемува работењето на срцето, поради кое потешко ќе заспиеме.

Битно е да се биде опуштен и никако да не се гледа во часовникот, бидејќи тоа уште повеќе ќе ве разбуди. Секако, штом се разбудиме, прво што правиме е инстиктивно да погледнеме во часовникот.Наместо тоа треба да се опуштиме и никако да не размислуваме како не можеме да заспиеме и дека утре ќе бидеме нерасположени, нервозни, нанаспани.

Кога премногу размислувате за тоа дали ќе заспиете и која е вистинската причина за несоницата, нема да можете брзо да заспиете. Колку повеќе се фокусирате на тоа, тоа станува поголем проблем кој резултира со несоница. Спиењето е природна работа. Престанете да размислувате за тоа. Настојувајте да се опуштите, наместо да размислувате – спијте. Секој пат кога ќе почнете да размислувате за спиењето прекинете го текот на мислите и фокусирајте се на нешто друго.

 

Write A Comment