Bridal

Што не треба да правите пред венчавка?

Кога сте во подготовки да организирате се за вашето венчавање, ќе наидете на многу луѓе околу вас кои ќе ви делат совети околу она што треба и како треба да направите, но ретко кој ќе ви укаже на оние работи кои не би требало да ги правите.
Еве неколку корисни совети околу она што не би требало да правите:

Немојте … да правите венчавка за оние околу вас, на сметка на вашите сопствени желби.

Венчавката е настан кој ги собира луѓето-фамилијата, пријателите, роднините… но немојте никако да заборавите дека тоа е ваш ден. Обидете се да направите венчавка каква што вам ви одговара, а не да се прилагодувате на она што другите луѓе ви сугерираат.
Не треба да го отфрлате туѓото мислење, едноставно прифатете го само она што вам ви се допаѓа.

Немојте… да поканите гости само за да ги поканитеТрошоците околу венчавката се доста високи и во многу случаи органичени.
Ве советуваме да не каните луѓе кои одвај ги познавате. Поканете ги само оние кои ви се навистина блиски и кои имаат влијание во вашиот живот.
Нека на овој ден ве придружуваат само најблиските пријатели, роднини и нивните искрени насмевки и воздишки.
Немојте … да доцнитеОва правило важи како за младите, така и за оние кои се вклучени во организацијата.
Обидете се колку што можете да се држите до однапред планираното.
Немојте … да паничитеМногу млади се преоптоваруваат околу подготовките.
Паниката која може да завладее немојте никако да ја лечите со медикаменти.
Доколку го направите тоа, само една чаша алкохол би била доволна да ви овозможи вашиот ден да го гледате на „видео снимка“.
Немојте … да заборавите на оброкотПоради обврските околу протоколот, пречекот на гости и слично младите најчесто немаат време да јадат. Поради тоа постои голема веројатност да станете раздразливи па дури и да имате несвестица.
Немојте … да заборавите за што сте овдеОвој ден ќе помине многу брзо. Вложивте месеци околу подготовките за овие неколку часа. Гостите ќе воздивнуваат и ќе се восхитуваат, но тоа е дел од целата „претстава“.
Вие двајца ја славите одлуката да живеете заедно како едно, затоа обидете се во целиот хаос да се фокусирате на лицето на вашиот партнер.
Следете го како ужива во овој ден и ветете си дека секој следен ден ќе ја имате истата насмевка на вашите лица.

Напиши коментар