Знаеме дека сакате да бидете добри родители и да го воспитате детето максимално правилно. Современите родители се полиберални. Тие зборуваат со децата на теми, кои пред неколку децении биле апсолутно табу. И тоа може да се дефинира како добар пристап, доколку збровите се соодветни и разбирливи. Но има некои работи кои не треба да му се кажат на едно мало дете. Инаку може да му нанесете сериозни повреди врз неговата психа. Еве кои се тие.
Јадеш премногу!
Се разбира секој родител сака неговото дете да се храни правилно и здраво. Претерувањето со колачи или тестенини не се најдобра опција за него, но тоа не е начинот да го запрете. Не заборавајте дека тоа е само дете. Не се разбира ниту од калории ниту од метаболизам. Ако сакате да избегнете такви ситуации, најдобро формирајте го режимот на исхрана уште кога е мало. Може да му објасните дека ќе го боли стомачето или нешто слично. Но не му правете комплекси за килограми.
Затоа што јас така реков!
Оваа фраза ја става целата контрола во ваши раце, што може да ја ограничи иницијативата и увереноста во вашето дете. Секогаш објаснете ја причината за вашите постапки и одлуки, кога тоа ќе праша “Зошто”?. И нека одбивањето секогаш биде придружено со разбирање на неговата желба. Објаснете му само дека околностите во моментов не го дозволуваат тоа.
Ти си нај…
Тешко може да ја прикриете гордоста која ја доживувате од постигнувањата на вашето дете. Но ако често го карактеризирате како “најдобар”, сигурно ќе му всадите чувство дека секогаш треба да биде совршено, за да не ве изневери. Знаете дека многу е стресно секогаш да мора да ги оправда вашите очекувања и очекувањата на другите. А и неуспехот во такви случаи е многу болен и може да му пропадне самодовербата.
Ти забранувам да си играш со…
Ако имате проблем со родителите на некое дете, не го наметнувајте на децата. Особено кога имаат добри пријателчиња и се забавуваат заедно. Најверојатно детето ќе ја почитува вашата забрана, но секогаш нешто ќе го влече назад. А може и да го поставите негативно кон вас. Во случај навистина да не ги одобрувате активностите и влијанието на неговото другарче, бидете тактични. Направете вашето дете само да дојде до заклучок дека не треба да се дружи со него. Кажете му: “Не мислиш ли дека Жарко се однесува лошо со тебе?” Или: “Пријателите не се навредуваат и не прават така”.