← НАЗАД НА БОЗА

Што вашиот партнер мисли за вас после породувањето?

Што вашиот партнер мисли за вас после породувањето?
55 Читања

Иако повеќето татковци се трудат да бидат од помош, сепак станува збор за голема промена и за нив. Прочитајте што татковците би сакале мајките да знаат.

Новороденото бебе носи потполно нов стил на живот, а на новопечените мајки, татковците треба да се прилагодат. Им треба врме да се навикнат.

Им недостасува партнерката и нејзиното внимание

Многу татковци ќе помогнат околу бебето како знаат и умеат. Меѓутоа, во некои моменти им недостасува и прегратката на партнерката. Тоа за нив значи знак на благодраност. На татковците понекогаш им се чини дека целата енергија и време им го одзема бебето, а нивниот однос со партнерката е ставен во втор план.

Навистина мислат дека сте најдобра мајка на светот

На некои мажи и самиот факт дека нивната партнерка го родила нивното дете, им се чини фасцинантно. Кога ќе сватат колку нивната партнерка има трпение, желба и нерви да го поднесува тоа по цел ден и самите мажи се мотивираат да се однесуваат со децата исто како мајката.

И на татковците им е потребен одмор

Понекогаш и на татковците им треба одмор од приказните како “денеска детето направи ова или она” штом се вратат од работа. Им недостасува партнерката да ги праша како се тие и како го поминале денот и со тоа да им покаже дека тие се суште важен дел од нејзиниот живот.

Не мора се да биде совршено

Татковците мислат дека нема да се урне светот ако се прескокне едно капење. Наместо тоа, тие би ссакале да го искористат времето за разговор со вас. Не гледаат ништо лошо во тоа да пробате да се опуштите.

Сметаат дека сте секси

Можеби сте им дури и попривлечни отколку пред да се породите. Иако жените после породувањето немаат баш добро мислење, нивните мажи ги гледаат со поинакви очи.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk