Јазикот е најсилниот мускул во човечкото тело кој ја подготвува храната за џвакање и е примарен орган за вкус. Неговиот изглед е многу поважен отколку што мислиме затоа што на него, како на лекарски картон се испишани состојбите на нашиот организам. Еве како со помош на промените на јазикот можете да ја идентификувате состојбата на своето здравје.
1. Нормален јазик – розевкаст, без траги од заби или дисколорација, со јасен премаз кој покажува правилна секреција.
2. Тенок бел површински слој, видливи траги од заби и неколку црвени точки – ваквиот изглед упатува на недостаток од витална енергија во телото која предизвикува замор, лош апетит и претерано потење. Тоа се манифестира и на расположението па таквите личности се најчесто загрижени и нервозни.
3. Тенок жолт слој на средината окружен со црвениот остаток од површината на јазикот – ваквиот изглед упатува на проблеми со запек, дехидрација и кожни болести. Сето тоа се манифестира врз расположението па луѓето со таков јазик се обично со променливо расположение.
4. Мрсен бел слој, отечени рабови на јазикот – ваквиот изглед упатува на неурамнотежена работа на системот за варење и склоност кон собирање вода во организмот. Луѓето со ваква состојба често се чувствуваат малаксано и безволно.
5. Црни точки на виолетова површина – упатуваат на застој на крвта во делови од телото кој може да предизвика проблеми со вените, тешки нозе, главоболка, болка во градите и кожа без сјај.
6. Тенок бел слој и црвен врв на јазикот – oваа состојба открива дека организмот е изложен на постојан стрес кој предизвикува нестабилна емоционална состојба. Енергијата во телото се собира во јазли кои предизвикуваат воспалителни процеси.
7. Црвен јазик со жолти дебели наслаги по средината на површината – е показател за покачена телесна температура која укажува на можни инфекции на уринарните патишта, проблеми со кожата чија површина е леплива. Луѓето со такви проблеми често се лути и не се чувствуваат удобно во сопственото тело.
8. Густ бел слој на средина од површината на блед отечен јазик – изглед што упатува на инфекција или пак на воспаление поврзано со некоја автоимуна болест, недостаток од витамини и минерали. Таквите состојби предизвикуваат блед тен, болка во кичмата и чувство што често се граничи со паника.
9. Пукнатини на црвената површина од јазикот – упатува на габични инфекции во телото проследени со ноќно потење, несоница, иритација.
10. Јазик чија површина е бледа и без наслаги – укажува на намален проток на крв во телото, анемија која може да предизвика вртоглавица, замор, а луѓето со ваква состојба страдаат од недостаток на концентрација и помнење. Кај жените таквиот јазик е често знак на можна хормонална нерамнотежа.