Мојата кујна

Шведски слатки ролнички со цимет и путер

Потребни состојки:

За тесто:

  • 150g путер
  • 500ml млеко
  • 50g свеж квасец
  • 1 кафена лажичка сол
  • 85g бел шеќер
  • 2 кафени лажички здробено семе од кардамом, по желба  (може да го најдете во подобро снабдени продавници за зачини и здрава храна)
  • 900g бело брашно

За фил:

  • 100g путер на собна температура
  • 85g бел шеќер
  • 3-4 супени лажици мелен цимет

Декорација:

  • 1 матено јајце
  • 3-4 лажици украсен крупен шеќер или сечкани бадеми

Начин на подготовка:

Стопете го путерот во длабок сад и додадете го млекото. Загрејте на температура до 37 степени.

Здробете го квасецот во сад за матење, додадете го млекото и мешајте додека не се растопи квасецот.

Додадете ја солта, шеќерот, здробеното семе од кардамом и скоро целата количина на брашно. Зачувајте малку брашно за подоцна.

Измесете го тестото додека не се изедначи и веќе не се лепи по рабовите на садот за месење. Оставете го тестото да отстои околу 30 минути, покриено со чиста крпа.

Префрлете го тестото на површина посипана со брашно и пресечете го на половина. Направете две долги правоаголни плочки со дебелина од околу 1,5 сантиметри.

Намачкајте го путерот и испрскајте одозгора со шеќер и цимет.

Почнувајќи од подолгата страна, истегнете го тестото и свиткајте го во облик на две ролни. Исечете ја секоја од ролните на парчиња (треба да добиете околу 45-50 ролнички) и ставете ги, свртени со „лицето“ нагоре на хартија за печење. Покријте ги со крпа и оставете ги уште 30 минути за да се крене тестото.

Загрејте ја рерната на 225 степени. Намачкајте ги ролничките со белка од јајце и украсете ги со крупен шеќер и бадемови снегулки.

Печете ги ролничките од 8-10 минути.

Напиши коментар