Sweet Home

Симпатичен стан во Париз

Овој убав мал стан во Париз е пример на убава комбинација на современи и класични детали, што резултирало со станбен простор кој има своја посебност. И покрај вкупната површина од само 50 квадратни метри, станот е особен простран и функционален. По влегувањето ве поздравува отворена дневна соба и трпезарија опкружени со чисти бели ѕидови и таван. Изложените дрвени греди се обоени во светли бои – паметен „трик“ за визуелно зголемување на социјалниот простор. Дизајниран за еден сопственик, станот е совршен за дружење.

Зоната за релаксација се состои од удобен кауч, мала маса со акрилни ногарки и големи прозорци. Орман-ѕид ја одвојува дневната соба од спалната соба, но исто така и го „врамува“ креветот, кој е видлив од дневната соба. Додека со едниот дел од станот владеат бели тонови, гардероберот и спалната соба се со шарени и живи бои.

pariz-7_142675588175712bf18b

pariz-11_14267558810359be6c

pariz-10_1426755881faf2ad770

pariz-9_14267558811dee6d70c626

pariz-5_1426755880a41daabf2

pariz-4_14267558808fd8d

pariz-3_1426755880d877327

pariz-2_1426755880a5cec3f01

pariz-1_142675587847cf7

Write A Comment