Овој прекрасен стан во центарот на Гетеборг, Шведска има инспиративен дизајн. Неговата големина е 73m2, а датира од 1873-та година. Почнувајќи од влезната врата, доминира црна и бела боја, а освен тоа ставен е акценат на дрво. Кујната обезбедува рустикален амбиент, има голема маса изработена од дрво, а таа претставува фокусна точка на оваа просторија. Дневната соба има две столици, софа и разни декоративни перници кои го прават овој современ агол совршен за пауза за чај со пријателите.