Скорт, комбинацијата од мини-сукња и шорцеви, ова лето ги излуде трендсетерките низ светот. Најпопуларни беа скортовите во бела и во црна боја, а ако сè уште не ви здодеале, имаме добра вест за вас – ќе се носат и во престојната есен!
Скортовите во сина, црвена или црна боја совршено ќе одговараат со маичките „sport deluxe” и секси-салонки со шпиц, кожени јакни, хулахопки и патики со полна петица, но и со панк-рок стил што ќе преовладува во наредните сезони.
Можете да ги носите и со обична бела маичка или со кошула и сако, па на тој начин да направите свој „деловен“ секси-костум. Можностите се безбројни!