Убавина

Со јаболков оцет исчистете го лицето од акни и флеки

Потребни ви се ¼ шолја мед, 1 шолја чај од камилица, ½ шолја јаболков оцет. Измешајте ги сите состојки .

Пред да си легнете земете малку памучна газа, натопете ја и со неа исчистете го целото лице.

Јаболковиот оцет помешан со аспирин делува како пилинг. Помага во намалувањето на лузните од акните и ја прави кожата мазна и мека. Овој третман може да го правите секој ден за да видите резултати.

Потребни ви се 15 ml јаболков оцет, 90 ml минерална вода и 1 шумлива таблета аспирин. Измешајте сè и поминувајте ги критичните места.

За кратко време ќе добиете нежно и сјајно лице.

Write A Comment