Голем број на дами имаат проблеми со темната кожа по линијата на гаќичките и на препоните и иако тој проблем е многу непријатен, не е неизлечлив.
Решение на овој проблем се многубројните препарати за избелување на кожата, но сепак, природното е секогаш најдобриот избор.
За смесата што треба да ја направите и што дефинитивно ќе ви помогне во избелување на темните делови, потребни ви се многу малку пари и време.
Она што единствено треба да го направите е да си набавите лимон и арганово масло. Измешајте ги добро во длабок сад и со нежен предмет нанесете на проблематичното подрачје.
Постапката повторувајте ја секој втор ден, две до три недели. Ги чекаме вашите резултати!
