Нанесувањето на туш за очи за некои дами е како шетање низ паркот, а за некои невозможна мисија. Нашето мислење е дека секоја дама жена може да научи да го нанесе правилно. Потребно е мало трпение и пракса.
Тушот за очи е еден реквизит на декоративната козметика која оваа сезона мора да го има секоја жена. Зошто? Затоа, бидејќи црната линија преку горниот капак е нешто што жените треба да начучи да го нанесува и носи. Овој ретро стил, кој призлегол од 50-тите години на минатиот век, повторно е во мода, а познатите како Адел, Бијонсе, Анџелина и трагично починатата Ејми Вајнхаус се дефинитивно заслужни што токму овој начин на шминкање стана „must have“.
Ако до сега не сте го испробале овој look крајно време е да го испробате. Нанесувањето на тушот не е комплицирано, само ви се потребни три работи, квалитетен туш кој се нанесува со перце или е во вид на молив, пракса и мирна рака. Овој изглед е совршен и за преку ден и за вечерн изглед, едноставен ,елегантен и женствен.