Мојата кујна

Солени мафини со млад кромид

Состојки:

150-200 г тиквици
150 г кравјо сирење
200 г тенки кори за пита
100 г млад кромид
3 јајца
маслиново масло

сол, бибер

Приготвување:

Пропржете го ситно сечканиот млад кромид и изрендајте ги тиквиците. Пржете 5 минути додека зеленчукот не омекне па зачинете, тргнете го настрана и оставете да се излади.

Во калапи за мафини наредете хартиени корпички и загрејте ја рерната на 200°C.

Изматете ги јајцата. Корите завиткајте ги во ролат а потоа исечете ги на тенки лентички. Растресете ги со рацете и одвојте ги да не бидат залепени. Ставете ги исечените кори во матените јајца, а потоа додадете го зеленчукот и здробеното сирење. Измешајте ја смесата за да се соедини, а потоа на полнете ги корпичките. Печете во загреана рерна околу 30 минути.

Напиши коментар