Art & Crafts

Совет на денот: Како да ги исчистите четките за шминкање?

Кога последен пат сте ги исчистиле четките за шминкање? Ако тоа се случило пред повеќе од еден месец, дефинитивно е време да се фатите за работа. Редовното чистење на четките ќе го продолжи животот на шминките и ќе ви помогне да ја спречите појавата на нескани ефекти како бактеријска контаминација, акни и иритација на кожата. Денеска ќе ви покажеме една многу лесна рецепта за тоа како да си напаравите течност за чистење. Едниствено што ви е потребно е бебешки шампон.

Наполнете мала чинија со вода со собна температура па во неа додадете една лажица бебешки шампон. Ставете ги внатре четките и убаво измијте ги. На крајот исплакнете повтроно со млака вода. Ако дома немате бебешки шампон, можете да користите и сода бикарбона, пропорциите се исти.

Write A Comment