Понекогаш се запрашувате што да правите со „поминатите“ намирници и Ви се чини како да сте ги фрлиле Вашите пари.
1, Ако не сте сигурни дека Вашите јајца се свежи, ставете ги во сад со вода. Оние кои не се добри пловат на површината.
2. Немојте да го фрлате шишето шампањ кое „изветреало“. Може да го освежите со 1-2 зрна суво грозје.
3.Ако во последната фиока во фрижидерот чувате овошје и зеленчук, заштитете го со хартија со која пак ќе спречите влага.
4.Ставете лорберов лист на местата каде ги чувате брашното и тестенините. Никогаш нема да имате проблеми со инсекти.
5.Сирењето никогаш нема да Ви се исуши ако сечената страна ја намачкате со путер или маргарин.
6.Ако ротквиците, морковот или краставиците загубат од крцкавоста, ставете ги го сад со ладна вода и парче свеж зеленчук.
7.Ако медот ви се зашеќери, немојте да го фрлате. Оставете го во микробрановата печка 30на секунди и потоа теглата потопете ја во сад со топла вода.
8.Немојте да го фрлате вишокот тестенини. Соберете го во ќеса и ставете го во фрижидер. Кога повторно ќе Ви притребаат, само ставете ги во топла вода, и ќе го имаат истиот вкус.
9.Сирењето со голем процент на масти, може да го замрзнете. Се што е потребно е, да го извадите од фрижидер 1 ден пред употребата.
10.За да го спречите омекнувањето на печурките, замотајте ги во хартија и ставете ги во фрижидер.
11.Кафениот шеќер чувајте го во фрижидер, за да не се скамени. Ако тоа Ви се има случено, ставете го во пластична ќеса заедно со парче леб и парче јаболко и загрејте го во микробранова 30на минути.
12. Путерот задолжително чувајте го во херметички затворена кутија, за да не поприми од мирисот на останатите продукти.
13.Избегнувајте да ги одделувате бананите од грозјето. Така побргу се расипуваат.
