Motherhood

Совети од мајките до своите синови: Тајната на љубовта се крие во овие нешта

Како учиме што значи да се биде заљубен? Или поедноставно, кој нѐ учи како да се однесуваме во врските?

Мајките имаат совети за своите синови. Ова се најдобрите од нив.

Кога влегуваш во врска, се што ќе вложиш во неа, ќе го добиеш и назад. Не ги повредувај луѓето.

Погледни во нејзината мајка и ќе ја видиш иднината.

Не брзај. Ако мислиш дека таа е вистинската или пак мислиш дека таа ќе те направи среќен – тогаш потруди се. Никогаш не се терај себеси да бидеш во нешто што не те прави среќен. А, најважно од се – биди искрен.

Ако не функционира сега, нема да функционира никогаш.

Погледни како таа се однесува кон келнерот во ресторан. Тоа ќе ти каже се.

Некогаш ќе мораш да се научиш да направиш компромис и да научиш дека ни сам во тоа. Така доаѓа и голема одговорност. На крајот на денот, вие сте тим. Нејзината среќа е и твоја среќа.

Не се брзај да влезеш во нешто за што не си сигурен дека го сакаш. Биди трпелив со себе и со другите.

Верувај им на своите инстинкти. Тие ќе ти кажат се што треба да знаеш.

Жената која сакаш да биде твоја жена, прво треба да биде твој добар пријател. Љубовта и пријателството се тесно поврзани. Треба да ги имаш и двете.

Write A Comment