Cafe Del Mar

Совети за слабеење кои треба да ги избегнувате

Се разбира дека постојат милиони совети за слабеење кои се препорачани, делотворни но постојат и такви кои насекаде ги читаме но и не се толку вистинити. Меѓу нив се следните:

  • Не јадете после 19:00 часот навечер.Доколку јадете редовно и здраво не е толку битно дали сте јаделе навечер доколку тоа било здрав избор.
  • Не јадете помеѓу оброците. Голем број сметаат дека јадењето меѓу оброците се всушност нездрави грицки но меѓуоброците се всушност и доста важни бидејќи ни помагаат да ја одржиме енергијата во текот на денот.Пример за ова се житарките.
  • Броење на калории. Може да ве доведе само до стрес доколку го броете секој залак а и доколку внесете поголем број калории од очекуваниот лесно можете да го потрошите со вежбање.
  • Мастите се непријател. Се разбира дека масната храна доведува до зголемување на телесната тежина но секоја добро избалансирана диета треба да содржи внес на здрави масти.
  • Јадете само салати.Слабеењето треба да вклучува повеќе видови на здрави намирници за да имате балансиран внес на потребните витамини , минерали и протеини за здраво намалување на телесната тежина и одбегнување на добро познатиот јо-јо ефект.

 

 

Напиши коментар