← НАЗАД НА БОЗА

Совршен спој на чоколада, лешник и хопла

Совршен спој на чоколада, лешник и хопла
481 Читања

Подгответе ја оваа прекрасна торта која е направена од чоколада, лешници и хопла. Уживањето е загарантирано.

Потрени состојки:

За бисквитот:

10 белки

280 гр шеќер

280 гр препечени и бланширани лешници

2 лажици какао

За чоколадниот крем:

5 жолчки

1 цело јајце

150 гр шеќер

50 гр темна чоколада

250 гр маргарин  или путер

За кремот од ванила:

4 жолчки

2 пудинга од ванила

4 лажици шеќер

0,7 л млеко

0,5 изматена слатка павлака

Подготовка:

Најпрво направете ги двата крема. За чоколадниот крем на пареа измешајте ги жолчките, јајцето, шеќерот и чоколадата. Кога смесата ќе се излади додадете и го изматениот путер и убаво измиксирајте ја смесата.

За ванилиниот крем жолчките, пудингот и шеќерот сварете ги со 0,7 л млеко. Изладете ја смесата, измиксирајте ја и додајте ја изматената слатка павлака.

За бисквитот загрејте ја рерната на 180 степени. Изматете ги белките во цврст снег, а потоа постепено додавајте го шеќерот, исецканите препечени лешници и какаото. Најдобро е смесата да ја мешате со дрвена лажица за да не го растурите снегот. Потоа смесата сипете ја во плех за печење во кој претходно ставивте хартија за печење. Откако ќе се испече бисквитот почекајте да се излади па попрскајте го со млеко, а потоа премачкајте го со чоколадниот, па ванилиниот крем. Украсете ја тортата со шлаг.

Уживајте!

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk