За што поприроден изглед на вашата подлога и течна пудра еве еден мал трик.
Пред да ја нанесете течната пудра, натопете го сунѓерчето за нанесување во малку вода, исцедете го па потоа искористете го за нанесување на пудрата. Од впиената вода, сунѓерот нема да може да впие многу течна пудра и ќе ја има доволната количина за нанесување.
Едноставно и совршено за беспрекорна подлога.
