Ентериерот на пространата спална соба со површина од 92,9 метри квадратни нуди свеж и модерен поглед на гламурозниот спој од неокласичните и модерни карактеристики што се белег на Златната доба.
Спалната соба има нежна естетика, уредена е со пастелни сиви, виолетови и кремасти тонови, кои внесуваат софистицираност и елегантност во просторот. Со цел да се добие попростран ентериер, интерните ѕидови што ја одделувале спалната соба од приватната бања се срушени и на нивното место се поставени перфорирани прегради. Креветот е централниот елемент во спалната соба, прегрнат од двете страни од низа прозорци, кои ја прават посветла и пријатна атмосферата. Наспроти него во ѕидот е интегриран камин околу кој се поставени удобни фотелји и клуб-масичка за релаксирање во вечерните часови.
Селдон посветила големо внимание на изборот на декоративни елементи и материјали за спалната соба да изгледа гламурозно, но не и нападно. Употребила висечки лустери со сребрена нијанса, винтиџ арт-деко количка за пијалаци и четири меки кадифени фотелји во различни бои како централен декор во бањата.





