Едноставноста и компактноста на шведскиот дизајн доаѓаат до израз како спој на модерното и старото.
Се наоѓа во куќа која е изградена во 1892 година. Мирниот дом со приватната градина има шарм кој освојува на прв поглед.
Иако преовладува минимализмот, а бројот на парчиња мебел е ограничен, деталите не се во недостаток. Во целиот простор доминира игра на темни и светли бои.
Полн со контрасти, во станот се добро комбинирани модерни парчиња мебел со дотраени старински, а впечтатокот на прозрачност и светло му даваат прозорците без завеси.







