Sweet Home

Стан со комбинација од модерно и ретро

INT2 е руско креативно студио основано во 2008 година, а во кое работат млади архитекти, дизајнери, уметници и фотографи, и реализираат проекти од идеја до снимање со фотоапарат или камера. Соработуваат со бројни креативци и така го шират кругот и се инспирираат со нови идеи и соработки.

Еден од нивните проекти, е стан во Санкт Петербург декориран во скандинавски стил, со акцент на отворен простор во однос на дневната соба и кујната и неколку помали простории. Има и мала канцеларија која е одделена од остатокот на просторот и ходникот.

Центарот на кујната го краси голем кујнски „остров“, а станот зрачи со модернизам и со детали од педесеттите и шеесеттите години на минатиот век. Неутралните бои како пастелно сина, сива, бела и корална повикуваат на релаксирање и го прават станот потопол, заедно сосе веселите елементи како што се слики на ѕидовите и разиграни тапети. Сепак, акцентот останува на едноставноста заради што овој животен простор е идеален за оние со прочистен дизајн зачинет со шармантни детали.

moderno i retro vo rusija_8

moderno i retro vo rusija_6

moderno i retro vo rusija_5

moderno i retro vo rusija_3

moderno i retro vo rusija_2

moderno i retro vo rusija_1

moderno i retro vo rusija_7

Напиши коментар