Art & Crafts

Супер трикови како пудрата за бебиња може да ви го олесни животот!

Пудрата за бебиња може да биде неверојатно корисна дури и ако нeмате бебе – само ако знаете како да ја употребите.

Прави чуда за трепките

Ако додадете малку пудра помеѓу два слоја на маскара, трепките ќе изгледаат многу подолги и пополни, а бидејќи пудрата е толку ситна, речиси не се забележува дека сте направиле нешто „дополнително“.

Го враќа накитот во живот

Заплеткано ланче или нараквица е многу иритирачка работа која може да ви се случи наутро кога брзате за на работа или факултет. Ова најчесто се случува со многу тенки ланчиња, а наједноставен начин да го решите проблемот е тој да додадете малку пудра дирекно на местото каде е јамката и лесно да го протриете со рацете. Јамката ќе попушти во рок од неколку секунди!

Суво миење на косата

Не сте стигнале да ја измиете косата? Нема проблем, само нанесете малку пудра на коренот и оставете да отстои 10 минути, потоа протријте и добро исчешлајте ја косата. Талкот ќе ја впие мрснотијата, косата ќе изгледа почиста и по бујна и пред сè ќе мириса на бебешка пудра.

Чистење на облека

Тврдокорните мрсни дамки најлесно се отстрануваат баш со пудра и тоа всушност поради неговото својство да впива мрснотија. Сè што треба да направите е на дамката да нанесете малку повеќе талк, да биде сосема покриена. Оставете да отстои еден час. Потоа парчето облека исперете ја како и вообичаено – ќе забележите дека дамката исчезнала.

Симнување на песок од стапалата

Овој трик запомнете го за во лето – кога песок ќе ви влезе во сандалите и не можете никако да го симнете, потребно е да ставите малку бебешка пудра. Тој ќе ја апсорбира влагата, а песокот сам ќе отпадне без никакво триење или миење.

Полирање на кожна јакна

За да кожната јакна, или некое друго парче од кожа, ви изгледа како нова, треба да нанесете малку пудра, а потоа лесно да исполирате со крпа од микрофибер..

Ја намалува болката за време на депилација

Верувале или не и за тоа може да ви послужи! Следниот пат пред да тргнете на депилација ставете малку пудра на кожата – восокот помалку ќе се лепи за кожата, па така целиот процес ќе биде помалку болен, а подеднакво ефикасен

Write A Comment