Секоја невеста е уникатна сама по себе, но сите имаат нешто заедничко – сакаат да имаат убава фризура, шминка и венчаница. Кога избирате фризура за свадбениот ден помислете како би сакале да изгледате и како би се чувствувале најдобро. Една од најкарактеристичните фризури за овој ден е крената коса. Права или виткана се поткрева во круна, на која подоцна може да се додадат речиси сите видови на додатоци за коса.