Што е ин, а што е аут оваа сезона кога станува збор за венчавките и невестинските фустани? Погледнете ја листата на на 10 свадбени трендови кои ќе бидат хит оваа есен:
- Белото е повторно во мода: Иако во последно време во мода беа венчаниците во боја на слонова коска, оваа есен венчаниците во снежно бела боја се повторно хит!
- Изберете лелеава венчаница: Кога ќе го одиграте вашиот танц, прекрасно ќе изгледате доколку вашата венчаница едноставно лебди околу вас!
- Венчаници со текстура: Оваа есен се модерни венчаници со неколку видови на текстура и богати украси на корсетите со кои венчаниците изгледаат како да имаат 3Д текстура.
- Фактор „Гага“: Венчаница со фактор „Гага“ не значи дека треба да застанете пред осларот облечена во месо, туку дека не треба да се плашите да експрериментирате и да испробате некои необилни стилови.
- Асиметрични венчаници: Моден хит оваа сезона ќе бидат и венчаниците со асиметрични здолништа, кои ќе прикажат дека сте уникатни и имате стил.
- Необични фризури: Доста веќе со досадните пунџи и „сарми“ на коса. ОДберете некоја интересна фризура која ќе му прилега на обликот на вашето лице и ќе ги восхити вашите гости.
- Ненападен накит: За разлика од необичните и гламурозни венчаници, оваа сезона хит е минималистичкиот и ненападниот накит.
- Долг вел: По примерот на британската принцеза Кејт Мидлтон, оваа сезона во мода се долгите велови со кралски изглед.
- Smokey eyes: Секси „зачадени“ очи се одличен моден додадот на вашиот невестински стајлинг. Доколку се одлучите за овој стил на шминка за очи, одберете ненападен кармин во месо боја.
- Невеста со став: Покажете им на сите дека сте невеста со став. Одберете оригинален невестински фустан, фризура, накит и чевли по ваш вкус, но и потрудете се сите работи поврзани со венчавката да ги следат желбите на вас и вашиот партнер. Само така ќе имате совршен ден за прекрасна прослава на вашата љубов!
