Motherhood

Тајната на среќните семејства

Повеќето од нас како деца мечтаеле за иднината и свое семејство, со многу деца, убава куќа, добри приходи… но никогаш не сме помислиле дека кога еднаш ќе го засноваме семејтвото сликата може да испадне сосема поинаква. А скоро секогаш е така!!!

Вистината за скоро сите среќни семејства е дека имаат „разлигавени“ деца , неуреден дом, проблем со парите и сите останати предизвици … Но најбитно во таа ситуација е дека сите членови на тоа семејство се меѓусебно поврзани и си помагаат, покрај сите проблеми кои ги имаат.

Тајната за среќно семејство не тајна, таа е вредност со која се ставаат темелите на поддршка и разбирање. Scott Haltzman, автор на книгата „ The Secrets of Happy Families“ – истакнува дека сите среќни семејства имаат заеднички темел, создаден со вредноста на заедничкото, борбата за заедничките потреби и желби.

Ако родителите имаат темелни животни вредности и се сложуваат околу најбитните работи во животот – и тој заеднички став го пренесат на своето дете успехот за семејна среќа е загарантиран.

Write A Comment