Motherhood

Татковците се посреќни родители

Признавам! Кага бев мала, јас и сестра ми секој ден со нетрпение чекавме тато да се врати од работа, уште од вратата му скокавме на вратот и започнувавме спор која ќе се омажи за него, кога ќе порасне.

Наречете го тоа претерана приврзаност, психолошки проблем… Но, јас имам друга теорија – тој едноставно беше најкул родител!

Денес сваќам колку грижи и нерви ја чинело мама да одгледа две ќерки, но не можам да заборавам како најзабавните моменти од раното детство сум ги поминала со него. Тоа се оние моменти кога мама ги земала своите неколку часа спокојство…

Помнам како секоја вечер одевме да јадеме сладолед. Како секоја ноќ ми читаше приказни со неговиот мил глас. Како секој викенд ги обиколувавме камповите и шумите околу градот и си правевме пикник. Како секое лето влегувавме во морето, за да ги скокнеме брановите…

Така е, мили мои девојки, вистината е дека да си мајка е најслатката, но и најтешка одговорност. А за татковците некако секогаш остануваат забавните моменти.

И ако порано мислев дека мојот случај е исклучок, сега сватив дека всушност не е сосема така. Бидејќи според последните истражувања татковците навистина се најсреќните родители.

Психолозите го објаснуваат овој феномен токму со фактот дека тие се помалку зафатени со грижата за детето и претежно се ангажирани со забавата. Затоа повеќето мажи велат дека се чувствуваат посреќни по раѓањето на нивното дете, отколку пред тоа.

Write A Comment